Побетонконтакт Стандард Се положува на внатрешни и надворешни мазни бетонски површини. Побетонконтактот е подготвен за употреба. Пред да се нанесе силно се препорачува добро да се измеша производот и да се додаде 10% чиста вода. Рачно се послојува со помош на цилиндричен ролер. Времето за сушење е 24 часа.